Особена чест и задоволство ни беше поддршката од UNIWORK – Италија, која на настанот испрати свој искусен претставник со долгогодишно професионално искуство, кој придонесе со своето знаење и експертиза во презентирањето на новитетите и практичната примена на стандардите.

На 08.10.2024 и 09.10.2024 организиравме стручен настан посветен на промените во европската регулатива и новите барања за заштитни кондури. Во фокусот беше новиот стандард EN ISO 20345:2022, кој донесе значајни измени во однос на претходната верзија EN ISO 20345:2011.
На учесниците им беа претставени најважните новини поврзани со конструкцијата, материјалите и перформансите на заштитната обувка. Посебно внимание беше посветено на новите барања за отпорност на лизгање и промените во начинот на означување на обувките. Беа разгледани и новите критериуми за противпробивна заштита, заштитните капи и другите елементи кои влијаат врз безбедноста на корисникот.

Презентацијата опфати и практични примери за правилно разбирање на ознаките и категориите на заштитни кондури. Целта беше професионалците да добијат јасна слика за тоа што значат новите барања при изборот и набавката на заштитна обувка. Особено беше истакната важноста на усогласеноста на производите со европската регулатива за лична заштитна опрема, Regulation (EU) 2016/425.

Настанот беше можност за размена на искуства и дискусија за практичната примена на новите стандарди во различни работни средини. Со вакви стручни активности продолжуваме да придонесуваме кон подигнување на свеста за правилниот избор на лична заштитна опрема и создавање побезбедни работни места. Настанот беше одлична можност за промоција на германскиот производител на опрема за безбедна работа на висина SKYLOTEC – светски лидер со свое 75 годишно постоење и успешно работење на сите континненти. Присутните гости имаа одлична можност да се запознаат со производите преку директна комуникација и практична презентација на производите на SKYLOTEC – Германија.





