Практична обука со SKYLOTEC и современи технологии за заштита при работа на висина

15.10.2025

НОВА UNIFGRAND ЛИНИЈА – СОПСТВЕНИ ПРОИЗВОДИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЦИ

17.12.2025

НОВАТА ВЕБ-СТРАНИЦА НА UNIFGRAND

hardwarestore-blogpost-icon2

17.12.2025

hardwarestore-blogpost-icon3

5 min read

Со задоволство ја претставуваме новата веб-страница на UNIFGRAND – современа дигитална платформа создадена со една јасна цел: професионалната лична заштитна опрема и современите решенија за безбедност да бидат подостапни, полесни за пронаоѓање и подобро претставени на македонскиот пазар.

На едно место ги обединивме производите, категориите, брендовите и решенијата што ги нудиме за различни индустрии и работни услови. Од заштитна облека, обувки и ракавици, преку заштита на глава, очи, лице, слух и дишење, до специјализирана опрема за работа на висина и заштита од пад. Новата веб-страница е креирана не само како онлајн каталог на производи, туку и како место каде што професионалците можат да добијат корисни информации при изборот на соодветна заштитна опрема.

Особено внимание посветивме на јасното прикажување на техничките карактеристики, стандардите, примената и намената на производите, бидејќи сметаме дека правилниот избор на ЛЗО започнува со правилна и навремена информација. Нашата понуда е насочена кон реалните потреби на компаниите, инженерите за безбедност, стручните лица, набавните служби и сите оние кои се одговорни за безбедноста на работниците. Преку соработката со реномирани европски и светски производители, во Македонија носиме современи технологии и професионални решенија кои се развиваат во согласност со современите барања за безбедност и заштита.

Новата веб-страница ќе биде и простор за споделување на знаење – информации за нови производи, промени во стандардите и регулативата, стручни совети, практични презентации и активности кои ги организираме со нашите партнери. Веруваме дека иднината на професионалната безбедност не е само во квалитетниот производ, туку во правилното разбирање на ризикот, правилниот избор на опремата и нејзината правилна примена.

Затоа UNIFGRAND продолжува да инвестира во знаење, современи технологии и партнерства со водечки светски брендови, со цел на македонскиот пазар да ги донесе решенијата што денес се користат од професионалците ширум Европа и светот.

UNIFGRAND – ЗА ПРОФЕСИОНАЛЦИ.
Комплетна заштита. Современи решенија. Професионална поддршка.

 

Related articles

Want to see more articles like this?

17.05.2026

‘’Кога безбедноста е стандард’’ – Европска заштитна опрема за сигурна и безбедна работа, со познатата компанија CANIS SAFETY – CXS Република Чешка.

Комбинацијата на професионална видео-презентација и модели во живо овозможи настанот да има карактер на современа стручна обука, каде што знаењето, европските стандарди и практичната примена беа […]
03.05.2026

НОВ КАТАЛОГ НА ЛИЧНА ЗАШТИТНА ОПРЕМА – 2026

Со задоволство го претставуваме новиот UNIFGRAND Catalogue 2026 – современа и систематизирана понуда на лична заштитна опрема, создадена за потребите на професионалците и компаниите кои безбедноста […]

Sign up for the newsletter and receive a 10% discount on your first purchase!

Stay updated with promotions, new arrivals, and DIY tips.

    2

    2

    ✕