НОВ КАТАЛОГ НА ЛИЧНА ЗАШТИТНА ОПРЕМА – 2026

03.05.2026

‘’Кога безбедноста е стандард’’ – Европска заштитна опрема за сигурна и безбедна работа, со познатата компанија CANIS SAFETY – CXS Република Чешка.

hardwarestore-blogpost-icon2

17.05.2026

hardwarestore-blogpost-icon3

5 min read

На 05.05.2026 година организиравме уште еден значаен стручен настан, овојпат во соработка со CANIS SAFETY – познатата компанија од Чешка република за професионална лична заштитна опрема.

Учесниците имаа можност одблиску да се запознаат со производите, нивните технички карактеристики, материјали, функционалност и можностите за примена во реални работни услови. Учесниците имаа можност визуелно да ги  следат разликите помеѓу различните категории на заштитна опрема, нивната конструкција, материјали, нивоа на заштита и специфичните намени, што придонесе презентацијата да биде појасна, поинтересна и многу попрактична.

Посебен впечаток остави начинот на кој гостите од CANIS SAFETY ја реализираа презентацијата. Преку голем видео-бим беа визуелно претставени европските стандарди и важечки стандарди, но и производите, нивната намена, техничките карактеристики и барањата на релевантните европски стандарди, додека истовремено професионални модели во живо ја презентираа опремата и нејзината практична примена.

 Овој современ пристап овозможи европските стандарди и барањата за различните категории на лична заштитна опрема да не останат само на теоретско ниво, туку директно да бидат поврзани со конкретни производи и нивната примена во реални работни услови.

Комбинацијата на професионална видео-презентација и модели во живо овозможи настанот да има карактер на современа стручна обука, каде што знаењето, европските стандарди и практичната примена беа претставени како една целина. Токму ваквиот начин на презентација ја потврди нашата определба во Македонија да се применуваат современи пристапи во едукацијата и информирањето на стручните лица и инженерите за безбедност.

Посебен акцент беше ставен на заштитната облека, заштитните обувки, ракавици и останатата лична заштитна опрема, со цел да се прикаже како правилниот избор на опрема може да придонесе кон поголема сигурност, удобност и ефикасност на работното место. Преку директна презентација и размена на искуства, стручните лица имаа можност подобро да се запознаат со современите технологии и решенија кои ги применуваат водечките европски производители на ЛЗО.

За UNIFGRAND, ваквите настани се многу повеќе од презентација на производи – тие се можност за создавање професионална средина во која се разменуваат знаење, искуство и практични решенија. Особено ни е важно инженерите за безбедност, стручните лица, работодавачите и професионалците од различни индустрии во Македонија да имаат можност директно да се запознаат со новите производи, технологии и современи пристапи во областа на безбедноста при работа.

Нашата соработка со CANIS SAFETY претставува уште еден чекор во насока на проширување на понудата на UNIFGRAND со квалитетни европски брендови и решенија кои одговараат на потребите на современото работно место. Веруваме дека професионалната заштита не треба да се сведува само на исполнување на основните барања, туку треба да претставува внимателно избран систем на решенија кој одговара на конкретниот ризик, работната задача и потребите на корисникот.

Со секој ваков настан ја продолжуваме нашата мисија – во Македонија да ги донесеме најновите европски технологии и решенија за лична заштитна опрема и да им овозможиме на професионалците да бидат чекор поблиску до современите стандарди на безбедност.

 

Related articles

Want to see more articles like this?

03.05.2026

НОВ КАТАЛОГ НА ЛИЧНА ЗАШТИТНА ОПРЕМА – 2026

Со задоволство го претставуваме новиот UNIFGRAND Catalogue 2026 – современа и систематизирана понуда на лична заштитна опрема, создадена за потребите на професионалците и компаниите кои безбедноста […]
17.12.2025

НОВА UNIFGRAND ЛИНИЈА – СОПСТВЕНИ ПРОИЗВОДИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЦИ

Со сопствената производна линија, UNIFGRAND прави значаен чекор напред – од компанија која обезбедува професионална лична заштитна опрема од водечки светски производители, кон компанија која создава […]

Sign up for the newsletter and receive a 10% discount on your first purchase!

Stay updated with promotions, new arrivals, and DIY tips.

    2

    2

    ✕