TНа 01.10.2025 година организиравме стручен настан во соработка со SKYLOTEC, светски лидер во областа на заштитата од пад и безбедната работа на висина.
Настанот беше посветен на практично запознавање со широкиот асортиман на SKYLOTEC и современите решенија за заштита на професионалците кои работат во услови со ризик од пад. Посетителите имаа можност опремата да ја видат, испробаат и практично да се запознаат со нејзината правилна примена во реални работни ситуации.

Беа презентирани решенија за заштита од пад, работа со позиционирање и суспензија, вертикален пристап, системи за безбедно движење и опрема за спасување. Посебенакцент беше ставен на правилниот избор, користење и комбинирање на опремата во зависност од конкретната работна задача и ризик. Практичниот дел овозможи учесниците директно да се запознаат со функционалноста, ергономијата и начинот на користење на професионалната опрема.
Преку демонстрации и стручни објаснувања беа прикажани решенија наменети за различни индустрии, вклучувајќи телекомуникации, енергетика, одржување, работа на конструкции и спасување. Настанот ја потврди важноста на практичната обука, бидејќи правилното користење на опремата е подеднакво важно како и нејзиниот квалитет и техничките карактеристики.За нас, ова беше можност не само да го претставиме SKYLOTEC, туку и да споделиме знаење и искуство со професионалците кои секојдневно се соочуваат со ризици при работа на висина.
Со ваквите настани продолжуваме да ја исполнуваме нашата мисија – да понудиме не само врвна опрема, туку и знаење, стручност и решенија кои придонесуваат за поголема безбедност на работното место. Нашата цел е најновите технологии, алатки и современи решенија за безбедна работа на висина да бидат достапни и во Македонија, овозможувајќи им на стручните лица, инженерите за безбедност и професионалците од различни индустрии навремено да се запознаат со светските достигнувања во оваа област.

Веруваме дека современата опрема има вистинска вредност само тогаш кога е проследена со знаење за нејзиниот правилен избор, примена и контрола. Затоа и во иднина ќе продолжиме да организираме стручни и практични настани кои ќе придонесуваат кон подигнување на нивото на професионалност и безбедност на работните места во Македонија.

Токму преку партнерства со светски реномирани производители како SKYLOTEC, UNIFGRAND го подигнува нивото на понудата на македонскиот пазар, овозможувајќи пристап до современи технологии, напредни системи и професионални решенија за заштита при работа на висина. Нашата цел не е само да понудиме производ, туку да понудиме комплетно и стручно решение – од правилен избор на опрема, преку нејзина практична примена, до советување и поддршка на професионалците. Со тоа, UNIFGRAND се издвојува како компанија која на македонскиот пазар носи решенија со високо ниво на квалитет, технологија и сигурност, споредливи со најдобрите европски и светски практики.





